Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД Е ЕДИНСТВЕН КОЈ ГЛАСНО ЗБОРУВА ДЕКА НАЈБОЛНА ТОЧКА НА РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Додека други таканаречени граѓански организации кои само декларативно се борат за работнички права, јавно ги повикуваа и ги учеа работодавачите како требало да се отпуштаат работници и какви откази да се даваат со цел полесно ослободување од работници во компаниите, ССМ гласно зборува дека таквиот вид на Договори за вработување на определено време беа главна причина за огромниот број на невработени во време на пандемија, а поради тоа што сеуште овој вид на Договор за вработување не е ограничен на максимум една година, работодавачите најавуваат дека по овој основ ќе им бидат прекинати договорите за вработување на голем број на работници во наредниот период.

Најголема небулоза во Законот за работните односи е тоа што тие договори на определено време се неиграничени и може секој месец да се продолжуваат, се држи работникот во неизвесност, да не си ја планира својата иднина и да нема никаква заштита, ССМ, рамо до рамо со работниците заедно во борбата за намалување на времетраењето на Договорите за вработување на 1 година. - Дарко Димовски, претседател на ССМ

Ако сакаме да ги задржиме работниците во Државата, треба веднаш ова најголемо зло по работничките права и по работничката егзистенција да се елиминира преку најбрзи измени на Законот за работните односи, за да не се доведеме во ситуација македонските работници, наместо да ја градат нашата, да градат некоја туѓа економија.

Според нашите информации, голем број на работодавачи, ги немаат продолжено договорите за вработување на определено време на работниците, а сеуште им работат работниците, па ќе ги пријавиме сите работодавачи до надлежните инспекциски служби, со барање да постапат согласно Член 259, став(1) кој предвидува Ако инспекторот на трудот зaтекне на работа кај работодавач лица со кои не е заснован работен однос, согласно закон и лицата не се пријавени во задолжително социјално осигурување со решение ќе му нареди на работодавачот во рок од осум дена од денот на приемот на решението со затечените лица или други лица без јавен оглас да заснова работен однос на неопределено време и во наредните три месеци да не го намали вкупниот број на вработени и на таков начин да ги оневозможиме работодавачите во намерата да не ги продолжат Договорите за вработување на определено време

Апелираме до работниците да не се потпишуваат на никакви нови Анекси или нови Договори за вработување, а сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски да пријават во ССМ, а ние ќе се бориме со сите расположливи средства да ги заштитиме овие работници.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.