Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ: ВО МОМЕНТОТ КОГА БИ СЕ ЗГОЛЕМИЛА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, ТАА БИ ИЗНЕСУВАЛА 20.107,00 ДЕНАРИ

Сојузот на синдикатите на Македонија преку работничка борба и притисок, преку протести и социјален дијалог, иако сите беа против, обезбеди зголемување на минималната плата од 15.196,00 денари на 18.000,00 денари, како и нов законски модел на пресметка на истата во корист на работниците, без притоа да имаат можност да влијаат ниту владините претставници ниту газдите.

Усогласување на минималната плата според Законот за минимална плата од оваа година се врши од 50 % од порастот на просечната плата која според нашите пресметки од јануари до ноември е зголемена за 10,3%, па 50% од порастот на просечната плата изнесува 5,15%, како и 50% на пораст на трошоци на живот кои спред последна објавена информација од НБРМ до минатиот месец изнесува 14,3% или 50% од порастот на трошоците за живот изнесуваат 7,15%. ( податоците се преземени од Државниот завод за статистика и НБРМ)

Според пресметките, трошоците за живот и порастот на просечната плата согласно последните податоци изнесуваат вкупно 24,6 %, а според Законот за минимална плата во новата пресметка се земаат 50% од тоа или 12,3%, па доколку во моментот би се зголемувала минималната плата според пресметките на ССМ значи дека: - во бруто плата: 26 422,00 денари + 3 250,00 денари (29 672,00) денари ќе изнесува минималната плата од март наредната година или во нето плата: -18.000,00 денари + 2.107,00 денари, минималната плата ќе изнесува (20.107,00) денари.

Истовремено, ССМ заедно со УПОЗ преку последните измени Законот за административни службеници обезбедија основната компонента на плата да биде составена и од минималната плата, а со тоа околу 13.000 работници кои примаат плата според овој закон веднаш ќе добијат линеарно услгласување на нивните плати за износот за кој ќе се зголеми минималната плата односно за 2.107,00 денари, а истото ќе се случи и за околу 40.000 други вработени во јавен сектор чии работодавачи го користат моделот од овој закон за пресметка на платите на вработените.

Голем дел од синдикатите здружени во ССМ преку веќе потпишаните спогодби и Колективни договори на ниво на работодавач, а некои преку закон, ова право на усогласување на платите го обезбедија и за нивните членови во јавните претпријатија, локалната самоуправа, министерства итн.

Синдикатите од приватниот сектор веќе разговараат со работодавачите каде што има синдикат и истите веќе од почеток на наредната година најавуваат зголемување на платите и пред зголемувањето на минималната плата за да ги задржат добрите и квалификувани работници во нивните компании.

Синдикалната борба ги дава посакуваните резултати колку тоа и да не им се допаѓа на функционерите и газдите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.