Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СТУДЕНТИ ОД ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ВО ПОСЕТА НА ССМ

Соработката помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Правен факултет „Јустинијан Први“ и со професорот д-р Александар Ристовски овозможи студентите да бидат гости во Работничкиот дом, во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Триесетина студенти на катедрата по трудово право заедно со професорот остварија посета и одржаа час во ССМ, а имаа можност да дискутираат со претставниците на ССМ, Слободан Трендафилов Претседател на ССМ и Трпе Деаноски Претседател на УПОЗ и Потпретседател на ССМ за јавен сектор, за активностите на ССМ, за синдикалното организирање, колективното договарање, правната заштита и други актуелни теми поврзани со трудовото право и работничките права.

Студентите имаа можност да се запознаат со новите дигитални алатки на ССМ како апликацијата ССМ – мои работнички права, како и да добијат повеќе информации за процесите во кои е вклучен ССМ, начинот на водење на преговори, организирање на штрајкови и протести, начинот на сидикалното организирање и поставеноста на синдикатите.

ССМ напорно работи да го доближи синдикатот до младите луѓе, за истите да го препознаваат синдикатот како своја организација во која доколку се приклучат можат значително да придонесат и да ги променат условите за работа и начинот на функционирање на синдикатите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.