Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СУДСКАТА СЛУЖБА, ПОВТОРНО НА УЛИЦА

СУДСКАТА СЛУЖБА, ПОВТОРНО НА УЛИЦА

Повеќе од 1000 членови на Синдикатот на УПОЗ, активно зедоа учество на овој протест.

Пред почетокот на судската ферија, се одржа дво-часовен протест, само од Скопските судови, со кој што се побара исто зголемување на плата како функционерите 78% и враќање на додатоците на плата.

Членовите на Синдикатот на УПОЗ, од сите судови во државата денес во Скопје, повторно да го побараат истото.

Овие луѓе овде за секое право што го добиле морале да се борат, ништо никогаш не им било дадено.

Во 2002 година, 80 дена штрајк.

Во 2016 година, 60 дена, штрајк.

Од 2000 вработени во судовите во Македонија, 1000 се тука во Скопје на протест. Дололку надлежните не ги слушнат нашите барања, штрајк во судовите ќе биде неминовен.

За да биде појасно, доколку овие вработени добијат 78% покачување на плата, значи дека само ќе се приближат до просечната плата во државата, а најголем дел од нив нема ни да ја надмнат.

Работата во судовите е тимска. Доколку еден вработен од било кое ниво не ја заврши својата работа, судијата нема да може да го заврши рочиштето и да донесе пресуда. Доколку овие вработени стапат во штрајк, како што тоа го направија колегите од обвинителствата, целото правосудство нема да функционира.

Мора да се разбере дека разликата во плати од 1:6 до 1:7 што сега постои во судовите, обвинителствата и правобранителството е преголема и неиздржлива.

Судскиот буџетски совет нека почне да си ја работи работата и да ги бара сите пари кои име следуваат од БДП-то, а не да гласат одлуки наместо да добиваат 0.4% од БДП, намето 0,8.

Пратениците кои седат во собрание поради овие луѓе овде нека се заинтересираат за барањата на своите гласачи пошто идат избори.

А Министрите да не не игнорираат туку да лобираат и да се заземат за нашита барања на седниците на влада.

Сите реакции:

116Ти, Duska Ristova -Senovska, Sekcija Mladi Sgip и 113 други

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.