- Македонски
- English

Синдикатот СУТКОЗ со поддршка на Фондација Фридрих Еберт организираше стручно - специјализирана обука на тема Колективно преговарање, потреба за Колективно преговарање, карактеристики на колективно праговарање и стекнување на нови вештини за развивање на колективно преговарање.
Фондација Фридрих Еберт во своето работење се фокусира и на зајакнување на Синдикатите и нивните капацитети во однос на преговарачките вештини и со нејзина поддршка беше спроведена обуката за Колективно преговарање со синдикатот на СУТКОЗ во Охрид, а во наредниот период ќе се спроведат уште неколку обуки на истата тема.
Јаки синдикати, подобрени работнички услови!