Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СУТКОЗ ПРИ ССМ НУДИ БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ НА НАПАДНАТИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО КОЧАНИ

СУТКОЗ при ССМ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, најостро ги осудува нападите на тројца вработени на КЈП „Водовод“ од Кочани кои биле физички нападнати од граѓани додека отстранувале дефект и им нуди бесплатна правна помош.

Нападот на работниците од групата за одржување и за теренски интервенции се случил на нивните работни места кога истите дошле да ја поправат водоводната цевка што била оштетена при градежни работи кои ги изведувала друга фирма.

Напад врз работници кои ја извршуваат својата работна задача која овозможува услуги за граѓаните е недозволив и надлежните инатитуции потребко е веднаш да преземат мерки за санкционирање на сторителите и превенција од идни вакви напади мора да биде обезбедена.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.