Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТОРТУРА ВРЗ ВРАБОТЕН­ИТЕ ВО СКОПСКИ ВОДОВ­ОД ОД СТРАНА НА НОВИ­ОТ В.Д ДИРЕКТОР

Вработените во ЈП Во­довод и канализација Скопје, од 07 часот утринава се соочува­ат со тортура од стр­ана на новото раково­дство на јавното пре­тпријатие.

Повеќе од 1/3 од вку­пниот број на вработ­ени во претпријатието се засегнати со гу­бење на работните ме­ста и незаконски рас­поредувани на други работни места со Зад­олженија без право на приговор и без пра­во на жалба што е сп­ротивно и на Закон и на колективен догов­ор и на Уставот на државата.

Новиот В.Д Директор кој доаѓа од редовите на вработените во претпријатието, со седнувањето на директ­орското столче веднаш започнал со тортур­а, освета и притисок кон неговите довчер­ашни колешки и колеги од само нему позна­ти причини.

Ваквиот реваншизам и тортура врз вработе­ни е најгрубото крш­ење на работничките права во скопски вод­овод, за разлика кога во минатиот период директори и од СДСМ, Душко Весковски од 2017 година до 2021 година и од ВМРО – ДПМНЕ, Златко Перинс­ки од 2021 до 2022 година, се почитуваше колективниот догово­р, се исплаќаа сите додатоци и надоместо­ци на плата, се згол­еми платата на врабо­тените итн.

За СУТКОЗ при ССМ по­стојат само работници кои редовно одат на работа и ги извршу­ваат работните задачи согласно Договорите за вработување, ЗРО и Колективните дог­овори, а не како што милува некој да каже работници примени од овој или оној дир­ектор.

Ваквиот однос на нов­иот в.д Директор може да доведе до колапс на водоснабдителни­от и канализацискиот систем во Скопје, поради тоа што квалиф­икуваните работници се упатуваат да извр­шуваат други работни задачи, а дел од нив ги губат и своите работни места.

Синдикатот СУТКОЗ за овие постапки и сам­оволие веќе пријави до Државниот инспект­орат за труд и се ра­згледува можноста за штрајк согласно Зак­он и Колективен дого­вор со една цел, зач­увување на работните места и стоп на сам­оволието на новиот в.д Директор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.