Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Треба да продолжи финансиската помош за плати на работниците – работодавачите што ја злоупотребуваат треба да завршат во затвор

306 работодавачи ја злоупотребиле финансиската помош – 900 работници не зеле плата токму заради ова. Директорката на УЈП Лукаревска транспарентно го изнесе проблемот, но јас сметам дека УЈП не треба на тие работодавачи да им даде период за да ги вратат парите, бидејќи некој што се огрешил пред законот и украл пари, ние не смееме да му речеме да ги врати и да не одговара кривично. Тука не се согласувам со директорката, мислам дека треба да завршат во казнено поправен дом и друг пат да знаат дека не може да си играат со парите на работнците“, изјави за Утрински брифинг лидерот на ССМ, Дарко Димовски.

Петтиот пакет мерки беше најавен од Владата. Тие излегоа со свои ставови, ние со наши, работодавачите со свои. Сметаме дека треба да продолжи финасиската помош за плати на работниците, послебно во најзагрозените сектори – туризмот, градежништвото, угостителството, тектилот, кожарската индустрија, медиумските работници итн.. Не викам дека не се добри грантовите. Имаат добар грејс период, но за тие да ги земаме треба да створиме приходи. Еве еден пример – угостителството со ограничено време на работа и број на гости, не знам дали ќе може да оствариме приходи и тие грантови да ги вратиме. Друга работа е што никаде не стои дека тие грантови се за субвенционирање на плати, туку да се користат за обновување на машини итн… Нас како ССМ тоа не загрижува. Затоа велам дека е неопходно да продолжи помошта во најзагрозените сектори.

Околу измената и дополна на Законот за работни односи и недела како не работен ден, Димовски вели дека ССМ смета дека недела не треба да биде работен ден, со исклучок на неколку дејности.

Војската, полицијата, здравството, пожарникарите за тој ден што ќе работат во недела треба да земат зголемена дневница повисока за 50%. Во време на пандемија се виде дека може и во сабота да се пазари, плус и анализите што велат дека во недела најмалку се троши, вели Димовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=DIVJAB9FU2M&feature=emb_title

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.