Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТРЕНДАФИЛОВ ОД ССМ НА СРЕДБА СО ЕУ АМБАСАДОРОТ ГИР И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА МЕРКО

На ден 22 мај 2023 година, во Општина Струга се одржа состанок помеѓу Слободан Трендафилов, Шеф на кабинетот на Претседателот на ССМ, Градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамис Мерко и  Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, г-дин Дејвид Гир.

Во рамките на соработката на ССМ со Општина Струга и Делегацијата на ЕУ во Македонија, наскоро во објектот на ССМ во Струга ќе отпочне со работа Куќата на Европа (Europe House) во Струга.

Сојузот на синдикатите на Македонија преку Локалните Економско социјални совети активно работи на воспоставување, поттикнување и развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и на локално ниво, а отварањето на Куќа на Европа (Europe House) во просториите на ССМ ќе овозможи можност за поттикнување и развој на дијалогот на локално ниво и вклучување на младите во локалниот и регионален социјален дијалог.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.