Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Трендафилов во „Топ тема“: Денеска се погази пристојната работа и пристојно работно време, како едни од најголемите цивилизациски придобивки

Што значи да ви се зголемат платите за 78 отсто и да се зафатите со девет најкатастрофални закони и по работниците и по општеството и по државата. Веројатно 2.000 денари зголемена дневница на пратениците многу влијаеше да седнат и да подготват по два до три члена за секој закон, па дури денеска, на „исцрпното“ образложување на потребата од тие закони, да потрошат по една до две реченици, вели Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Денеска, 55 пратеници, ако добро паметам, од владеачкото мнозинство, неколку функционери од владата, амбасадор и неколку, веројатно, топ менаџери во некои странски конзорциуми, успеаја да ја погазат една од најголемите цивилизациски придобивки, а тоа е пристојната работа и пристојното работно време“, истакна Трендафилов.

Тој изрази уверување дека, сепак, ќе надвладее разумот кај пратениците.

„Ние апелиравме уште од самото носење на специјалниот закон за дозволување на еден странски конзорциум да ја окупира државата и целиот градежен сектор и интересите на државата да бидат сведени на тоа парите да се изнесат од Македонија, милијарда и 300 милиони евра до денеска, а може да стигнат до две милијарди и 300. Се надеваме дека разумот ќе надвладее кај пратениците. Денеска се надевавме дека сите пратеници ќе излезат од салата и ќе покажат единство, дека предлогот на 15 нивни колеги е, пред сè, срамен поради тоа што не само што се уназадуваат работничките права, туку ќе доведе и до огромен број на повреди, можеби и смртни случаи на градилиштата“, рече Трендафилов.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.