Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Трендафилов:Македонските работници се меѓу најпродуктивните во светот, но истовремено се и меѓу најслабо платените

Македонските работници се меѓу најпродуктивните во светот, но истовремено се и меѓу најслабо платените, откри претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, повикувајќи се на најновото истражување на Меѓународната организација на трудот. Во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4TV.mk, тој изнесе фрапантни податоци според кои еден работник во Македонија му создава на работодавачот вредност од 37 до 38 долари по работен час.

„Газдите досега ги криеја овие податоци, мислејќи дека јавноста нема да дознае колку профитираат врз грбот на работникот, објави 4news.mk Реалноста е дека оние работодавачи кои добро ги плаќаат своите вработени имаат далеку поголема добивка. На оние пак, кои тврдат дека не можат да исплатат ниту минимална плата, им порачуваме: слободно затворете ги фирмите и одете работете кај соседот за минималец, па видете како се преживува“, дециден е Трендафилов.

Тој директно ја обвини државата дека свесно ја подгрева сивата економија и му помага на бизнисот на штета на работниците. Според пресметките на ССМ, државниот буџет губи дури 250 милиони евра годишно поради неплатени придонеси.

„Државата се прави слепа пред појавата на исплата на плата во плико, објави 4news.mk Многу сектори, како фризерските салони или златарите, пријавуваат минималец само за да избегнат придонеси, а остатокот го даваат во кеш. Со ова работниците губат двојно – ем не им се плаќа минат труд, прекувремена работа и празници врз целата сума, ем во иднина ќе бидат соочени со најниски пензии“, алармира првиот човек на ССМ.

Трендафилов заклучи дека изговорите оти 600 евра минимална плата ќе ги уништат малите претпријатија се неосновани, бидејќи парите за достоинствени плати постојат, но завршуваат во профити кои не се оданочуваат правилно.

Синдикалната минимална кошница не е само статистика, туку реална слика за тоа колку е поскапен животот во Македонија, порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk. Тој остро ја критикуваше најавата на Владата за промена на методологијата за пресметка на кошницата, оценувајќи го тоа како обид вештачки да се прикаже дека платите во земјава се доволни за добар живот.

„Владата, наместо да се бави со зголемување на платите, се бави со тоа како да им покаже на работниците дека им се потребни помалку пари, објави 4news.mk Тие сакаат да ја намалат вредноста на кошницата за 20 отсто само за да кажат дека минималецот е добар. Ако функционерите сметаат дека со тие пари може да се преживее, зошто ниту еден од нив не ја прифати нашата иницијатива да живее на минималец?“, запраша Трендафилов.

Синдикалната минимална кошница не е само статистика, туку реална слика за тоа колку е поскапен животот во Македонија, порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV, објави 4news.mk mk. Тој остро ја критикуваше најавата на Владата за промена на методологијата за пресметка на кошницата, оценувајќи го тоа како обид вештачки да се прикаже дека платите во земјава се доволни за добар живот.

„Владата, наместо да се бави со зголемување на платите, се бави со тоа како да им покаже на работниците дека им се потребни помалку пари. Тие сакаат да ја намалат вредноста на кошницата за 20 отсто само за да кажат дека минималецот е добар. Ако функционерите сметаат дека со тие пари може да се преживее, зошто ниту еден од нив не ја прифати нашата иницијатива да живее на минималец?“, запраша Трендафилов.

Тој посочи дека само во делот на храна и пијалаци, цените се зголемени за илјадници денари за само еден месец, а владините претставници тоа не го чувствуваат поради нивните енормно високи плати. Трендафилов потсети дека во синдикалната кошница се пресметани само 63 основни производи, додека во неа недостасуваат реалните трошоци за облека, лекување или барем еден скромни ручек за семејството во текот на месецот.

Во однос на поплаките од бизнис-секторот дека минималната плата од 600 евра ќе стави „катанец“ на фирмите, првиот човек на ССМ одговори со јазикот на аргументите.

„Паѓаат маските на газдите. Податоците од Управата за јавни приходи и Централниот регистар покажуваат дека работодавачите генерираат огромни профити, а на секоја една затворена компанија се отвараат две нови. Бројот на вработени не се намалува, туку работниците само бегаат од газдите кои не плаќаат кај оние што го вреднуваат нивниот труд“, истакна тој.

Трендафилов се повика и на податоци од Народната банка, според кои секој вработен му генерира на својот работодавач нето добивка од 5, објави 4news.mk 000 до 10.000 евра.

„Народски кажано, ние со нашиот труд им ги купуваме џиповите, становите и викендиците на море. Им креираме плати за нив, а сега е време да ги избориме и нашите достоинствени плати“, заклучи претседателот на ССМ.

Македонските работници се подготвуваат за голем сенароден протест и генерален штрајк во првата половина на март, најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој во гостувањето во Ноќно студио на 4TV, истакна дека дефинитивната одлука за точниот термин – меѓу 13-ти и 15-ти март – ќе биде донесена во наредните неколку денови, по завршувањето на рокот што му беше оставен на социјалниот партнер.

Трендафилов предупреди дека секое усогласување на минималната плата за „срамни“ 1.666 денари, што наводно се планира на Економскиот-социјален совет, ќе биде директен тригер за радикализација на синдикалната борба. ССМ останува на барањето за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари, со цел минималецот конечно да достигне достоинствени 600 евра.

„Треба да се засрамат политичарите. Додека тие уживаат во своите за 79 отсто повисоки плати, работниците одат од маркет во маркет барајќи најевтини производи за да преживеат. Да им зборувате на луѓето дека се грижите за нивниот стандард со фамозни податоци, додека вредноста на потрошувачката кошница вртоглаво расте, е крајно потценувачки,“ дециден е Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.