Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНА ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 717 ДЕНАРИ, ТРГОВЦИТЕ СЕ БОГАТАТ НА ГРБОТ НА РАБОТНИЦИТЕ

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2024 година изнесува 61.306,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец август 2024 год. која изнесуваше 61.199,00 денари е зголемена за 107,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 76.681,00 денари.

Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија..

Делот од Синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалоци во целост, односно 86% од производи кои го сочинуваат трошокот за исхрана и пијалоци се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата што покажува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања што е за поздравување.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.