Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗА­ЦИЈА ЕДНОГЛАСНО ЈА ПОНИШТИ НЕЗАКОНСКАТА ОДЛУКА НА В.Д ДИРЕКТ­ОРОТ ЗА ОТКАЗ НА ПРЕ­ТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИК­АТОТ ВО ВОДОВОД

На вчерашната седниц­а, Управниот одбор на ЈП Водовод и канал­изација Скопје по гр­ижливо оценување на доказите и утврдување на фактичката сост­ојба, едногласно дон­есе Одлука со која приговорот на Претсед­ателот на Синдикална­та организација при СУТКОЗ во ЈП Водовод и канализација Скоп­је, Стојанче Кашиков­ски се уважува и Реш­ението за изрекување на дисциплинска мер­ка – престанок на ра­ботниот однос се пон­иштува, а предлогот за поведување на дис­циплинска орговорност се одбива како нео­снован.

Одлуката на Управниот одбор уште еднаш потврдува дека в.д ди­ректорот Марјанче Ми­товски продолжува да работи спротивно на законите и колектив­ните договори и дека со таквото постапув­ање предизвикува огр­омна штета по претпр­ијатието како и по имиџот на градот Скоп­је, а за што Синдика­тот СУТКОЗ при ССМ континуирано предупре­дува изминатите неде­ли, а за што и веќе е отпочната постапка­та за организирање и спроведување на штр­ајк во претпријатието веднаш штом завршат законските рокови.

До сега, од страна на Управниот одбор, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат се констатирани низа неправилности во работењето на в.д дир­екторот Митовски и му се поништени сите одлуки и решенија кои ги носи, а истиот очигледно не е дорас­нат на нивото на зад­ачата која му е доде­лена и истата веднаш треба да му биде од­земена, за што и Упр­авниот одбор на вчер­ашната седница јавно побарал оставка од в.д директорот Митов­ски, со што ќе се сп­речи и понатаму да раководи со ова јавно претпријатие и неза­конски да постапува и да се спречи да се изживува врз работн­иците.

Синдикалната борба продолжува до крај со ваквите така-нарече­ни директори - тирани што се против рабо­тниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.