- Македонски
- English

Само заедно можеме да направиме промени на нашите работни места
20 години работниците во продавниците работеа во недела и не им се плаќаше
Веќе 10 месеци не работат во недела благодарение на синдикат
Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, освен за мал дел на исклучоци и таму додатокот на плата за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа.
И покрај тоа што синдикатот го овозможи ова право за работниците тие и понатаму не се зачленуваат во синдикат
Синдикатот работи за тебе и кога не си член, но доколку се зачлениш, со твоите колешки и колеги можеш да се избориш за подобри услови за работа, повисока плата, подобра евиденција на работното време, нов колективен договор.