Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

УСОГЛАСЕНИ ПЛАТИТЕ И ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

На иницијатива на Синдикатот на УПОЗ, денес во просторите на Општина Гази Баба, беа усогласени платите во износ од 2.806,00 денари за сите вработени во Општина Гази Баба.

Ова усогласување на платите беше потпишано од страна на Синдикатот на УПОЗ кој беше преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Гази Баба Добри Петров од едната страна и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Со овој Анекс на Колективен договор за вработените во Општина Гази Баба, ќе се амортизира високата инфлација во овие тешки времиња.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.