- Македонски
- English
УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ 10% ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА
Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска потпишаа Анекс за дополнување на Колективниот договор за социјална заштита со цел зголемување на платите на давателите на услуги во Центрите за социјална работа.
Со потпишувањето на Анексот на Колективниот договор давателите на услуги во центрите и јавните установи за социјална заштита со септемвриската плата ќе добијат зголемена плата за 3.426 денари во бруто износ или 2175 денари во нето износ. Дополнително на ова усогласување, со исплатата на септемвриската плата согласно Општиот колективен договор ќе добијат и зголемување за 10%.