- Македонски
- English

На 29.03.2023 година во просториите на ССМ на договорен состанок со Генералниот директор и синдикални претставници на СГИП од ЈП Нaционални шуми разговараа за зголемување на платите на сите вработени во претпријатието.
Овој состанок беше одржан на барање на СГИП по донесувањето одлука на Економско социјалниот совет за зголемување на минималната плата за 2.175 денари од март оваа година, но СГИП како единствен репрезентативен синдикат при ССМ во ЈП Национални шуми бара зголемување на платите на сите вработени како не би се случило ново порамнување на платите со останатите работници.
Имено беше потенцирано дека вработените прво бараат исправање на неправдата од минатата година кога минималната плата се покачи за 2.806,00 денари а истата ја добија до 18.000,00 денари само вработените на минимална плата. За таа цел бараме исправање на една неправда кон сите вработени особено техничко-инженерскиот кадар кој досега не добил никакво покачување.
Понатаму да се врши редовна исплата на теренскиот додаток на плата, а не со задоцнување од неколку месеци.
Како најбитно прашање беше и отпочнувањето преговори за нов колективен договор кој ќе ги регулира и исправи сите недостатоци од минатото.
Синдикалните претставници на СГИП од претпријатието на претходниот состанок покрај донесувањето одлука за тим на преговарачи реши дека доколку не се исполнат овие барања за покачување на платите на сите ќе пристапат кон Одлуката за организирање за штрајк, бидејќи неприфатливо е да има средства за зголемување на плати на одредена категорија вработени, а да нема за директно вклучените во производството односно вработените кои ги обезбедуваат парите во претпријатието.
СГИП останува на страната на вработените во ЈП Национални шуми како единствен заштитник на правата од работен однос и ќе ги искористи сите Уставни и Законски механизми во борбата за поголеми плати и достоинствени услови за работа на сите во претпријатието.
