Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Успешно завршени преговорите за измените и дополнувањата на општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

 15.12.2013

15.12.2013-foto1На средбата ССМ и ОРМ ги усогласија своите ставови

Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи ги усогласија сите одредби од измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Средбата се одржа на 13 декември во ССМ.

На 24 декември е најавено потпишување на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор, на кој ќе присуствуваат и членовите на Советот на ССМ.

15.12.2013-foto2

На средбата на двата социјални партнери присуствуваа синдикатите здружени во ССМ од областа на приватниот сектор, предводени од претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, и претставници на Управниот одбор на Организацијата на работодавачи на Македонија, предводени од претседателот г. Ангел Димитров.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.