- Македонски
- English

Синдикатот на хемија, неметали и метали утре, на 11 декември, во Охрид, го одржува Шестото собрание. Мотото на Собранието е “Синдикатот е секогаш со тебе“.
На Собранието ќе се зборува за најзначајните проблеми во работењето на синдикатот. Исто така ќе се сумираат досегашните резултати од досегашното работење на синдикатот, ќе се утврдат приоритетите за наредниот период и ќе се изврши избор на претседател и на нов состав на раководните тела и органи.