- Македонски
- English

Утре, на 7 октомври, по трет пат во светот се одбележува Денот на пристојната работа. Меѓународната конфедерација на синдикати (ETUC) прв пат организираше Ден за акција во 2008 година. Водени од успехот на манифестациите првите луѓе на ЕТУЦ одлучија 7 октомври да стане меѓународен ден за пристојна работа.
Оваа година синдикатите од над 150 земји во светот се придружуваат во одбележувањето на Денот за пристојна работа. Во одбележувањето се приклучуваат и македонските синдикати. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати издадоа заедничко соопштение (види долу), во кое ги поддржуваат трите главни пораки, со тоа што ги истакнаа заедничките заложби за подобрување на состојбите во Македонија. На заедничкиот состанок двете синдикални организации разговараа за учеството во Економско – социјалниот совет, усогласување на ставовите за Општиот колективен договор за јавниот сектор, измени во пензискиот систем, заштитата на правата на работниците и зголемување на членството.
Мотото на овогодишниот Ден за пристојна работа е “Нека работи цел свет“. Мотивите за денот се следните: иако се зборува за опоравување од кризата сепак има малку знаци за крај на кризата за вработување. Секое изгубено работно место петставува човечка драма. Од почетокот на кризата, во 2008 година, се изгубени 34 милиони работни места, додека 64 милиони лица се турнати во изразена сиромаштија.
Светот е на пресвртница: или ќе престане со неуспешните политики од минатото, кои ја создадоа кризата и ќе прифати праведна, одржлива и просперитетна иднина, или ќе се врати во неправдите и бедата на минатото, со зголемување на сиромаштијата и масовна невработеност.
Многу синдикати од целиот свет веќе организираат акција за одбележување на овој ден. Доказ дека во светот се бараат нови решенија се масовните демонстрации во Брисел, организирани од Европската конфедерација на синдикати на 29 септември, како и протестниот марш на Американската федерација на трудот од 2 октомври.
ШТО Е ПРИСТОЈНА РАБОТА?
Најкусиот одговор гласи: работа која овозможува добар живот. Меѓународната организација на трудот пристојната работа како идеја и како цел ја промовира во 1999 година. Дефиницијата на МОТ содржи четири компоненти: вработување, права, заштита и дијалог. Пристојната работа се заснова на уверувањето дека овие четири компоненти се неопходни за создавање најдобра перспектива за социјален напредок и развој.
ВРАБОТУВАЊЕТО значи:
РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА во контекст за вработувањето подразбираат:
СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА нагласува:
СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ПОДРАЗБИРА: