Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО 2024 ССМ СЕ БОРЕШЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ, ДРУГИТЕ СЕ БОРЕА ПРОТИВ ССМ

АКТИВНОСТИТЕ НА ССМ ВО ТЕКОТ НА 2024 ГОДИНА

За Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оваа 2024 година беше особено значајна и содржеше голем број на предизвици, но на крајот реално сме задоволни од постигнатото, како и од постапките кои сме ги трасирале и започнале, а ќе се реализираат наредната година и се во насока на остварување, заштита и унапредување на работничките права.

ССМ е најстариот и најбројниот синдикат во државата, единствен репрезентативен синдикат потписник на Општите колективни договори во јавен и во приватен сектор.

Со својот ангажман во текот на 2024 година ССМ и синдикатите во неговиот состав обезбедија:

- Укинување на пресудата на Врховниот суд со која на незаконит начин беше направен обид за конфискација односно одземање имотот сопственост на ССМ - зградата Работнички дом во корист на државата

- Минималната синдикална кошничка која на месечно ниво ја креира ССМ да биде репер за економските текови во државата и егзистенцијалната положба на работниците и граѓаните, односно да биде појдовна основа при креирањето на мерките на Владата за надминување на сиромаштијата и подобрување на егзистенцијалната положба на работниците и граѓаните во државата

- Покачување на платата за 90% од вработените во јавен сектор

- Покачување на платите во приватниот сектор пред се со зголемувањето на минималната плата

- Зголемување на платите на работниците во компаниите во приватниот сектор каде што имаме членови на синдикатите со што за 80% од членовите на синдикатите здружени во ССМ во приватниот сектор обезбедивме повосики плати од просечната плата.

- Исплата на регрес за годишен одмор во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор чии потписник е ССМ

- Исплата на регрес за годишен одмор во приватниот сектор согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството чии потписник е ССМ

- Исплата на јубилејни награди за сите работници

- Заштита на правата на работниците преку организирани протести и штрајкови, онаму каде без оправдани причини не се почитуваше законот и правото на социјален дијалог и преговарање

- Бесплатна правна заштита на работничките права, а преку мобилната апликација ССМ- мои работнички права евидентирани се 725 обраќања. За сите овие обраќања на членови на синдикатот и работници преземени се сите законски мерки и постапки за заштита како од службите на ССМ и синдикатите во неговиот состав, така и од страна на ДИТ со кој ССМ има воспоставено добра соработка. Еведентно е дека 80% од пријавите се поднесени од страна на работници кои не се членови на синдикатот, односно работат кај работодавачи кај кои нема синдикат.

- Заштита на работно правната положба на вработените по пат на забелешки во врска со предложени измени и дополнување на Законот за административни службеници и стопирање на донесувањето на предлог Законот за привремени и повремени ангажирања на работници кој содржеше одредби со кои се прекршуваа работнички права.

- Голем број на обуки , советувања и едукација на синдикалното членство за остварување, заштита и унапредување на работничките права, како и за улогата и значењето на синдиканото зачленување и организирање.

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.