- Македонски
- English

На првата информативна и едукативна активност посветена на тема Праведната транзиција со членовите на УПОЗ, во Дојран зборувавме за тоа „Што е праведна транзиција?“ и „Што претставува Парискиот договор за климатски промени?“, со цел да ја подигне свеста на работниците и јавноста за значењето на овој процес и неговото влијание врз работничлите права.


Синдикатот како претставник на работниците и заштитник на работничките права има огромна улога во овој процес, водејќи грижа за остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права.
Главен заклучок е дека ,,Нема праведна транзиција без заштитени работнички права и без учество на синдикатите“.
Наредната недела ќе бидат посетени уште 9 градови каде што работниците и граѓаните ќе имаат можност да дознаат повеќе за Праведната транзиција и што таа значи за иднината на работните места.
*Оваа активност е поддржана од Проектот - Унапредување на социјалниот дијалог за прашања поврзани со праведната транзиција во Северна Македонија и Црна Гора