- Македонски
- English

Информативна и едукативна активност посветена на тема Праведната транзиција, во Кавадарци, Неготино и Велес на која зборувавме за тоа „Што е праведна транзиција?“ и „Што претставува Парискиот договор за климатски промени?“, со цел да ја подигне свеста на работниците и јавноста за значењето на овој процес и неговото влијание врз работничките права.



Работниците од ТЕЦ Неготино непосредно се засегнати од спроведувањето на правдната транзиција.
Синдикатот како претставник на работниците и заштитник на работничките права има огромна улога во овој процес, водејќи грижа за остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права.
Главен заклучок е дека ,,Нема праведна транзиција без заштитени работнички права и без учество на синдикатите“.
Во текот на неделата ќе бидат посетени градовите Кичево, Стумица, Штип, Битола и Прилеп каде што работниците и граѓаните ќе имаат можност да дознаат повеќе за Праведната транзиција и што таа значи за иднината на работните места.




*Оваа активност е поддржана од Проектот - Унапредување на социјалниот дијалог за прашања поврзани со праведната транзиција во Северна Македонија и Црна Гора