Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО КИЧЕВО ЗБОРУВАВМЕ ЗА ПРАВЕДНАТА ТРАНЗИЦИЈА

Информативна и едукативна активност посветена на тема Праведната транзиција во Кичево на која зборувавме за тоа „Што е праведна транзиција?“ и „Што претставува Парискиот договор за климатски промени?“, со цел да ја подигне свеста на работниците и јавноста за значењето на овој процес и неговото влијание врз работничките права.

Работниците од РЕК Осломеј непосредно се засегнати од спроведувањето на праведната транзиција.

Синдикатот како претставник на работниците и заштитник на работничките права има огромна улога во овој процес, водејќи грижа за остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права.

Главен заклучок е дека ,,Нема праведна транзиција без заштитени работнички права и без учество на синдикатите“.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат посетени градовите Струмица и Штип каде што на плоштадите работниците и граѓаните ќе имаат можност да дознаат повеќе за Праведната транзиција и што таа значи за иднината на работните места.

*Оваа активност е поддржана од Проектот - Унапредување на социјалниот дијалог за прашања поврзани со праведната транзиција во Северна Македонија и Црна Гора

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.