- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на Проектот „Правна заштита – сигурност на работничките права“, поддржан од Меѓународната организација на труд, а финансиран од Европската Комисија, со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права, како и доближување на синдикатот до младите, во Куманово организираше еднодневна средба и обука на која присутните имаа можност да се запознаат со можноста за бесплатна правна заштита, дадената правна заштита од Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период, а беа поделени налепници со QR Code од кои може да се преземе првата бесплатна мобилна апликација ССМ- Мои работнички права која на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа да пријавуваат прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.
На средба на која беше присутен и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, а преку неформален разговор, присутните имаа можност да добијат информации, совети и мислења од колешките и колегите, правници, по однос на прашања од работен однос кои ги засегаат нив лично, нивните колешки и колеги или нивни блиски.
Искористи ја првата бесплатна мобилна апликација преку која можеш:
-да пријавиш прекршено работничко право за себе и за друго лице
-да пријавиш анонимно
-да комуницираш директно со ССМ
-да следиш најнови вести и совети од ССМ.
Преземи ја новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права
Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB
App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7
СИНДИ Е-советник за работнички права
Формализирај ја работата
Сојуз на синдикатите на Македонија