- Македонски
- English


ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА СЕ ОДРЖА ПРВИОТ РАБОТЕН СОСТАНОК СО СКРМ
Во фокусот на средбата беа Законот за култура и Колективниот договор за култура.
Во Министерството за култура се одржа првиот работен состанок на работната група за Колективниот договор за култура и Законот за култура
Во рамките на разговорите, СКРМ достави конкретни предлози во однос на членот 78-љ од Законот за култура, кој се однесува на уредувањето на платите и е посочен како проблем од страна на Уставниот суд во однос на Колективниот договор за култура, иако самиот Устав во член 32 став 5 вели дека остваруването на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.
СКРМ на средбата ги образложи и своите предлози и позиции во однос на прашањата кои се од непосреден интерес за вработените во културата.