Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ОХРИД ПРЕЗЕНТИРАНИ ДИГИТАЛНИТЕ АЛАТКИ НА ССМ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

31.05.2022 година

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Државата и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност задно со Европската конфедерација на синдикати – ETUC во рамките на проектот „Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion во Охрид организираше презентација на дигиталните алатки на ССМ со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права, како и доближување на синдикатот до младите.

На еднодневна средба и обука, присутните имаа можност да се запознаат со можноста за бесплатна правна заштита, дадената правна заштита од Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период.

Заедно со претставници на медиумите, правни застапници и синдикални раководства од ССМ и синдикатите, претставници на Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, работници и граѓани беа споделени информации за начинот на функционирање дигиталните алатки на ССМ - мои работнички права и СИНДИ - е советник за работнички права, за тајноста на пријавите и начините на заштита на работниците кои пријавуваат прекршување на работничките права, а беше одржана и пресконференција.

*Оваа активност е овозможена со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.