- Македонски
- English

Денеска, Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски оствари средба со Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на ЈКП Камена Река, Влатко Димитровски на која се дикутираше за барањата на ССМ и синдикатите СУТКОЗ и УПОЗ за зголемување на платите од 2806 денари согласно усогласувањето со минималната плата.
Постигната е согласност помеѓу Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на ЈКП Камена Река, Влатко Димитровски платите во Општина Македонска Каменица и ЈКП Камена Река да се зголемат за 2806 денари со што ова право ќе го уживаат и вработените во Општината и вработените во јавното комунално претпријатие.
Додека централната власт останува глува за барањата работниците за егзистенција и не води грижа за истите, локалната власт без оглед на тоа дали е од политичка партија која е во Владата или не, се повеќе градоначалници како Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Атанасовски им испаѓаат во пресрет на работниците во овие тешки моменти.