Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ОПШТИНА ШТИП И ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Денеска, Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски и секретарот на УПОЗ, Бојан Трипуноски остварија средба со Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на која се дикутираше за барањата на ССМ и синдикатите СУТКОЗ и УПОЗ за зголемување на платите од 2806 денари согласно усогласувањето со минималната плата.

Постигната е согласност платите во Јавните претпријатија Исар и Стипион да се зголемат со потпишување на спогодби помеѓу директорите и синдикатот СУТКОЗ, а истовремено договорено е да се се формира нова синдикална организација на УПОЗ во општината и да се склучи колективен договор помеѓу Општина Штип Македонија и Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ со кој ќе биде регулирано ова право за вработените во Општината.

Додека централната власт останува глува за барањата работниците за егзистенција и не води грижа за истите, локалната власт и се повеќе градоначалници како Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов им испаѓаат во пресрет на работниците во овие тешки моменти

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.