Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ОПШТИНА СТРУГА И ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Денеска, Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски и Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и Генералниот секретар на УПОЗ, Бојан Трипуноски остварија средба со Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко на која се дикутираше за барањата на ССМ и синдикатите СУТКОЗ и УПОЗ за зголемување на платите од 2806 денари согласно усогласувањето со минималната плата.

Постигната е согласност платите во Јавните комунални претпријатија да се зголемат со потпишување на спогодби помеѓу директорите и синдикатот СУТКОЗ, а истовремено договорено е да се склучи нов Колективен договор помеѓу Општината Струга и Синдикатот УПОЗ со кој ќе биде регулирано ова право за вработените во Општината.

Додека централната власт останува глува за барањата работниците за егзистенција и не води грижа за истите, локалната власт без оглед на тоа дали е од политичка партија која е во Владата или не, се повеќе градоначалници како Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко им испаѓаат во пресрет на работниците во овие тешки моменти.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.