Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР ПЛАТИТЕ РАСТАТ, МЕРЕМЕРЕН КОМБИНАТ ЗА ПРИМЕР

Денеска, се одржа состанок помеѓу претседателот на синдикатот СГИП, Иван Пешевски и менаџментот на Мермерен Комбинат АД Прилеп претставуван од Директор на рудник Сивец, Трендафилос Трендафилу и Извршен директор, Јасна Ажиевска - Петрушева, а на состанокот учествуваа и главниот синдикален претставник на синдикалната организација во Мермерен комбинат при СГИП, Сашо Стојановски и претставници од синдикатот кај работодавачот.

Менаџментот во комбинатот информираше дека иако состојбата за работење е тешка поради енергетската и сега и воената криза, просечната плата на работниците изнесува 39.639 денари, а по пат на социјален дијалог дополнитено ќе има зголемување на платите на сите работници за 5% со јулската плата, исплата на регрес за годишен одмор до крај на јули 2022, приватно здравствено осигурување за секој работник на трошок на работодавачот, а на барање на синдикатот и вработените ќе биде направена промена на исхраната со подобар квалитет која ја обезбедува работодавачот на негов трошок за сите вработени.

Истовремено, Мермерен Комбинат АД Прилеп работи петдневна работна недела и работниците во сабота и недела одмараат, а кога ќе бидат направени анализите за постигнатиот успех во првите 6 месеци, по пат на социјален дијалог ќе се разговара за евентуално ново покачување на платите.

Мермерен Комбинат АД Прилеп е уште еден од работодавачите кои го вреднуваат трудот на работниците и позитивен пример кој треба да се следи и од другите работодавачи.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.