Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР СИНДИКАТИТЕ РАБОТАТ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ

ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР СИНДИКАТИТЕ РАБОТАТ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ

Претседателот на СГИП, Иван Пешевски заедно со Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов ја посетија компанијата Цементарница Усје - Титан и синдикалната организација на СГИП во истата и остварија средба со главниот синдикален претставник Горан Јанкоски и Дарко Крстевски од синдикалниот одбор.

Синдикалната организација на почетокот на оваа година го потпиша новиот Колективен договор со кој се зголемија платите, а регресот за годишен одмор (К-15) е во висина на 100% од просечната плата и уредени се и други права за работниците што треба да претставува мотив сите вработени да се приклучат на Синдикатот СГИП.

ТИТАН Цементарница УСЈЕ е пример во дејноста индустрија за градежни материјали на полето на безбедност и здравје при работа, социјалниот дијалог и колективното договарање.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.