
19.7.2016
На 19 јули 2016 година претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, присуствуваше на потпишувањето на уште една спогодба за основање на Локален економско- социјален совет (ЛЕСС) во Радовиш.
Со ова се официјализира отпочнувањето со работа на уште еден Локален економско- социјален совет (ЛЕСС), покрај претходните 12 основани ЛЕСС, кој ќе помогне да се унапреди развојот на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласувањето на нивните различни ставови и интереси на локално ниво.

Слика 1. Потписниците на спогодбата
Потписници на Спогодбата се градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров и претставникот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Зоран Андовски. Во Локалниот економско- социјален совет (ЛЕСС) покрај социјалните партнери членуваат и претставници на општинската администрација, претставници од бизнис секторот и академски претставници.
ЛЕСС има консултативно- советодавна функција, и се основа со цел воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво. ЛЕСС ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на Општината за одредени прашања од економско- социјалната сфера, како што се: локална економска политика на општината, политики за вработување, политики за цени и плати, безбедност и здравје при работа, образование и сл. Во советите ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на општините, средните училишта, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.
Основањето на Локалниот економско- социјален совет е во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).