Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ССМ СРЕДБА СО ПРАТЕНИЦИ, ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ ОД СДСМ

ВО ССМ СРЕДБА СО ПРАТЕНИЦИ, ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ ОД СДСМ

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Република Македонија кој ги претставува работниците како од јавниот така и од приватниот сектор со должно внимание ги следи случувањата поврзани со донесувањето на новиот Буџет за наредната 2024 година.

Имајќи во предвид дека Буџетот е доставен до Собранието, денеска на покана на Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во ССМ, Претседателите на синдикатите, Трпе Деаноски, Потпретседател на ССМ за јавен сектор и Претседател на УПОЗ, Иван Пешевски, Потпретседател на ССМ за приватен сектор и Претседател на СГИП, Љубиша Каранфиловски, Претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Стојанче Кашиковски, Претседател на СУТКОЗ, Борис Куноски, Претседател на СМИА, Томислав Гиевски, Претседател на НСОН, Горан Ристовски Потпретседател на МПС, Љупчо Радовски, Претседател на СТКЧ, Слаѓана Миливојевиќ, Претседателка на ССДМ, Миќо Стојановски, Претседател на СРСВМ остварија средба со пратениците, членови на Комисијата за финансирање и буџет од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Диме Велковски, Даниела Колева,Лолита Ристова и др., како народни избраници со цел истите покрај дискусиите и расправите кои ќе ги имаат во Собранието, да го слушнат и ставот и аргументите на работниците, а кои се поврзани со нивните барања за зголемување на платите, особено во овој период во кој се поизразено е работничкото незадоволство.

Претставниците на ССМ на членовите на Комисијата за финансирање и буџет и ги презентираа главните завелешки и барања кои преку амандмани кои ќе ги достават до пратениците, а со кои се бараат повисоки плати во управа и правосудство, здравство, полиција, јавните претпријатија, образование и др.

Побараа од пратениците, да се заложат, особено поради фактот што истите се на крајот од својот мандат, да им излезат во пресрет на работниците, сега кога работниците го бараат и го очекуваат тоа, особено поради фактот што за многу брзо време истите ќе ја бараат поддршката од работниците и граѓаните за нов мандат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.