Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО СТРУМИЦА ЗБОРУВАВМЕ ЗА ПРАВЕДНАТА ТРАНЗИЦИЈА, ПЛАТИТЕ, КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ

Информативна и едукативна активност посветена на тема Праведната транзиција на која синдикалните активисти на ССМ непосредно на плоштадот во Струмица зборуваа за тоа „Што е праведна транзиција?“ и „Што претставува Парискиот договор за климатски промени?“, со цел да ја подигне свеста на работниците и јавноста за значењето на овој процес и неговото влијание врз работничките права.

Најзасегнати сектори од процесот на праведната транзиција во нашата држава се секторот енергетика, агро-секторот, градежништво и транспорт, а струмичкиот регион познат гранката земјоделие ќе биде опфатен од овој процес па затоа е важно да се зборува на оваа тема.

Синдикатот како претставник на работниците и заштитник на работничките права има огромна улога во овој процес, водејќи грижа за остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права.

Главен заклучок е дека ,,Нема праведна транзиција без заштитени работнички права и без учество на синдикатите“.

*Оваа активност е поддржана од Проектот - Унапредување на социјалниот дијалог за прашања поврзани со праведната транзиција во Северна Македонија и Црна Гора

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.