Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ВЕЛЕС ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВАТА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ССМ-МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА И МОЖНОСТА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ЗАШТИТА КОЈА ЈА ОВОЗМОЖУВА ССМ

 

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на Проектот „Правна заштита – сигурност на работничките права“, поддржан од Меѓународната организација на труд, а финансиран од Европската Комисија, со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права, како и доближување на синдикатот до младите, во Велес организираше еднодневна средба и обука на која присутните имаа можност да се запознаат со можноста за бесплатна правна заштита, дадената

правна заштита од Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период, а беше промовиран краток видео спот како и првата бесплатна мобилна апликација: ССМ- Мои работнички права која на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа да пријавуваат прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.

На средба на која беше присутен и Претседателот на Сојузот на

синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, а преку неформален разговор, присутните имаа можност да добијат

информации, совети и мислења од колешките и колегите, правници, по однос на прашања од работен однос

кои ги засегаат нив лично, нивните колешки и колеги или нивни блиски.

Во текот на утрешниот ден, нашата кампања продолжува во Штип

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.