Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО ЗА ИЛИ ПРОТИВ, ГОСТИН СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ

Кој министер е виновен што платите на работниците во јавен сектор не се зголемуваат?

Кој министер се труди повеќе од газдите од приватен сектор да увезе работници(робови)?

Што има Владата против работниците?

За овие и за многу други дилеми и теми Слободан Трендафилов од ССМ и Миле Бошков од БКМ разговараат во емисијата ЗА или ПРОТИВ на АЛФА Телевизија.

Слободан Трендафилив од ССМ истакнува дека треба да се вреднува трудот на работникот и работничките права да не се уназадуваат и на тој начин да се влијае да се зачуваат добрите работници во Македонија, а во спротивно за многу брзо време ќе се соочиме далеку поголем број на квалификувани работници да ја напуштат Македонија поготово во летниот период и тогаш ќе биде навистина проблем во одредени дејности да се обезбедат работници. Да не се залажуваат дека работници од регионот или пошироко ќе дојдат во Македонија за 300 евра плата, а тоа може да се случи само доколку Владата планира да им обезбеди храна и пијалоци во владиното бифе со оглед на цените кои се таму, а доколку тие работници треба да се прехранат во супермаркетите, само за храна и за пијалоци им се потребни 19.000 денари!

Генералниот штрајк ги дава посакуваните резултати и 85% од вработените во јавниот сектор добија зголемување на плата. Оваа година, борбата на ССМ ќе овозможи минималната плата да се зголеми за повеќе од 2.100 денари без да излегуваме заедно со работниците на улица на дожд, на ветер, на студ, а минатата година од 12.12.2021 година за да добиеме 2800 денари зголемување на минималната плата континуирано бевме на улица, протестиравме заедно со работниците и радува тоа што за само една година минималната плата со притисокот односно мотивацијата која и ја дававме на владата и се што правевме и направивме се зголемува за 5.000 денари. Владата, веројатно брзоплето, под притисокот на штрајкот на ССМ, измени неколку законски решенија, па така од март месец вработените кои се под Законот за административни службеници ќе добијат линеарно зголемување на платите. Тоа што за министрите беше лошо решение и барање на ССМ изминатите 8 месеци, како што велеа и владините претставници, дека линеарното зголемување на платите е лошо решение, денеска тоа за нив е одлично решение и милуваат да се фалат на секоја пресконференција дека од март месец ќе добијат линеарно зголемување на платите и вработените во јавниот сектор, зголемувањето на платите е за вработените за кои се однесува Законот за административни службеници и да не заборавиме дека по некој наши пресметки по овој закон се водат и низа други јавни и државни претпријатија и институции и ги пресметуваат токму платите преку тој закон, па некаде околу 50.000 работници заедно со 80.000 работници на кои ќе им се зголеми минималната плата односно основната плата како минималната плата, ќе добијат веднаш усогласување, а да не заворавиме дека на основната плата се пресметуваат дополнително додатоците и надоместоците на плата, па така уште во март некаде околу 130.000 до 140.000 работници би добиле линеарно усогласување на нивните плати со износот за колку што ќе порасне минималната плата, така да мотивот кој им го даваме изминатите 8 месеци со нашите кампањи, со нашите барања, со нашите гласни укажувања дека мораат да водат правилни политики, дека мора да бидат фер кон работниците и да ги исполнуваат нивните ветувања кон работниците, заради тоа што повторно ќе се случи да бараат нешто од работниците, а тоа е да заокружат на гласачките ливчиња, но тогаш работниците веројатно ќе казнуваат истакна Слободан Трендафилов од ССМ.

Целата емисија можете да ја погледнете на видеото:

https://www.facebook.com/ssmmkd/videos/489713733180207

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.