Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ОД ДООЕЛ ФЛОРАКОМ И ЛУНА ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ!

По некопкудневните протести на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје, ДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје и СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности и по радикализацијата на протестите со блокирање на повеќе раскрсници и мостот Гоце Делчев во Скопје вчера им беше исплатена плата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје, но не и на вработените во Флораком и Луна.

Денес врботените од Флораком и Луна повторно протестираа блокирајќи го бил. Илинден во Скопје.

Доколку и денес не им се исплати августовската плата поради што вработените останаа и без здравствено осигурување, протестот на вработените од Флораком и Луна ќе продожи со блокада на бул. Илинден во период од 10 до 12 часот се до исплата на платата за месец август.

Благодарност до вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес искажаа солидарност и се приклучија на протестот на своите колеги од Флораком и Луна.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.