Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО СКОПЈЕ, ДООЕЛ ФЛОРАКОМ, ДООЕЛ ЛУНА И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ВО ЗАКОНСКИОТ РОК НЕ ЈА ДОБИЈА ПЛАТАТА ЗА СЕПТЕМВРИ

На денешната прес конференција СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат ја информираше јавноста дека вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје, ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна како и вработените од ЈП Комунална хигиена Скопје не ја добија Септемвриската плата во законскиот рок до 15.10.2025 година.

Воедно јавноста беше информирана за наредните чекори кои ќе бидат преземени од страна на СУТКОЗ и вработените во овие претпријатија, а по извршената анкета помеѓу членовите односно дека доколку до утре петок 17.10.2025 година не се исплати платата од понеделник 20.10.2025 година ќе се активора штрајкот кој беше ставен во мирување преку блокирање на влезовите во ЈП Паркови и зеленило Скопје.

Како што беше најавено на претходните протести беа презентирани годишните извештај за 2022, 2023 и 2024 година од каде е видно дека извршената работа од страна на вработените и трошоците поврзани со истата не се покрива со износот кој граѓаните го плаќаат за одржување на јавното зеленило вп Скопје, односно тој износ е 240.000.000 денари за 2022 година а износот на извршената работа е 454.000.00 денари.

СУТКОЗ очекува од новото раководство на град Скопје по завршување на изборите на заедничка средба да се изнајде нов начин за финансирање на ЈП Паркови и зеленило Скопје искористувајќи ги искуствата од регионот за што пд СУТКОЗ ќе биде предочено на средбата.

СУТКОЗ информираше и за случувањата во М-НАВ каде што имаат Синдикална организација.

Имено СУТКОЗ предупредува и дека се прави класичен упад и притисок во синдикалното делување кај членството на вработените во М-НАВ, а според документите доставени до синдикатот СУТКОЗ, претседателот на Управниот одбор и директор на Секторот за воздухопловна навигација, Владимир Ристески, истовремено ја извршува и функцијата претседател на Самостојниот синдикат на М-НАВ, кој е регистриран во рамки на Синдикатот за транспорт и врски при КСС.

Истовремено, неговиот брат, Александар Ристески, кој во М-НАВ е вработен како шеф на смена / контролор на летање, е исто така синдикален лидер, односно претседател на Независниот синдикат на М-НАВ, исто така регистриран во истиот грански синдикат при КСС.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.