- Македонски
- English
Вработените во Водостопанство ја бараат платата за јули, најавуваат протест во понеделник !
Владата во најбрз можен рок да излезе со решение за платите на вработените во АД Водостопанство, побара денеска АГРО Синдикатот при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и најави дека ако тоа не се случи, од понеделник ќе бидат организирани протести.
Вработени на АД Водостопанство претпладнево излегоа пред Дирекцијата во Скопје, како и пред 14-те подружници на претпријатието низ земјава за да изразат револт – се уште не земале плата за јули, а неизвесно е, нагласија, и дали воопшто ќе земат плата до крајот на годинава.
Денеска вработените од АД Водостопанство Скопје излегоа пред просториите на на дирекцијата и предупредија : или плата и одговор што ќе се случува со нив до крајот на годината , или во понеделник вработените од цела држава ќе излезат на протест пред Владата. АРО синдикатот уште минатата недела испратил допис до Владата.
Денеска сме тука да изразиме револт и незадоволство за неисплатена плата за месец јули иако денеска е веќе 31 август и веќе од утре почнува да тече рокот за плата за месец август. Доколку денеска не се исплати, од утре работниците во АД „Водостопанство“ ќе немаат ни здравствено осигурување. Во текот на изминатата седмица кога од директорот на АД „Водостопанство“ претставниците на синдикатот беа информирани дека ќе нема средства за исплата на јулската плата и ќе нема исплата во неколку наредни месеци натаму ние писмено се обративме до Владата на РМ каде што побаравме средба и да најдеме заедничко решение за исплата на платите. Од Владата исто добивме писмено соопштение дека нашето барање било разгледано и дека нашиот случај е препратен на постапување до кабинетот до претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи. Во истиов допис нема ни конкретно решение како би се решил проблемот, нема ни конкретен датум кога би имало плати, а ни кога би имало средба со Владата, рече Игор Китаноски претседател на Агро синдикатот.
„Во период кога сите цени драматично растат, кога не можат ни основни продукти за храна да купат луѓето, кога утре почнува школската година, нашите вработени не можат на своите деца да купат ни прибор. Бараме Владата како единствен сопственик на акционерското друштво Водостопанство да го реши проблемот, да изнајде средства“, рече Коста Малзарков претседателот на подружницата на АД „Водостопанство
Според претседателот на синдикалната организација на АД Водостопанство, ситуацијата е алармантна зашто цените на храната драматично расте, а веќе почнува и школската година.
-Плата немаме земено за јули, а од утре веќе и за август. Во период кога цените драматично растат, кога не може луѓето да купат основни прехранбени произоди, а почнува и школската година па нашите вработени не можат ранчиња и прибор да им купат на дечињата, бараме Владата, како единствен сопственик на АД Водосотопанство, итно да најде средства и да го реши проблемот со платите што поскоро. Ако тоа не го стори во разумен рок, за неколку дена, ќе се организираме на протести пред Владата, истакна претседателот.
АД Водосотопанство е основано од Владата, а брои помалку од 500 вработени. И минатата година, потсети, имале проблем со платите, но Владата нашла решение.
-Зошто сме нерентабилни? Зашто цените на водните услуги се многу стари, повеќе од 10 години, а покрај другите параметри, во цената на водната услуга влегуваат и струјата, горивото, резервните делови, минималната плата. Цените ние сами не може да ги формираме, мора да ги одобри Владата. Имаше нешто донесено за зголемување на цените, не знам колкав е тој процент, но министерот за земјоделство Љупчо Николовски побара пролонгирање на цените и да важат од 1 јануари 2024 година, рече претседателот на синдикалната организација на АД Водостопанство.
Агро-Синдикат/ Agro-Sindikat