Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ПД ЈП ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО СКОПЈЕ, ДООЕЛ ФЛОРАКОМ И ДООЕЛ ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ

Денес 27.10.2025 година вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје, ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна повторно излегоа на протес поради неисплатената плата за месец Септември со блокада на раскрсницата пред Зоолошка градина и блокада на бул. Илинден кај Матично.

Доколку од страна на раководството на ЈП Паркови о зеленило Скопје односно директорот не биде исплатена и денес платата за вработените од овие три фирми, ја известуваме јавноста дека протестите ќе продолжат и наредните денови со блокада на влезовите на ЈП Паркови и зеленило Скопје во период од 06:45 часот до 09:00 часот.

Покрај неисплатената плата за месец Септември на вработените согласно Колективен договор и Закон не им се исплатени и регрес за годишен одмор, јубилејни награди, отпремнина за заминување во пензија итн.

Вработените ќе ги искористат сите права согласно Колективен договор и Закон и ќе поднесат поединечни тужби покрај веќе поднесените пријави и тужби од страна на СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.