Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ СО НОВ СИНДИКАЛЕН ЗАШТИТНИК

Новата Синдикална организација при ЈП Национални Шуми при СГИП членка на ССМ одржа состанок на кој за прв пат беа дискутирани проблемите и предизвиците на вработените во Национални шуми.

На состанокот учествуваа Претседателот на СГИП, Иван Пешевски, главниот синдикален претставник во ЈП Национални шуми, Ванчо Велков како и синдикалните претставници на сите поголеми подружници на претпријатието.

Заеднички заклучок е да се охрабрат работниците во Национални шуми да се приклучат на големото синдикално семејство, а во најбрзо време за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат работниците, а беа дефинирани на денешниот состанок на Синдикалната организација, ќе бидат презентирани и на средба со менаџерскиот тим на претпријатието.

Помеѓу темите за дискусија се истакнуваат потребата од редовно исплаќање на платата не подоцна од 15 во месецот, како и враќање на исплатата на додатоците на плата и нивно регулирање( теренскиот додаток, додаток за превоз и др.), започнување на преговори за зголемување на вредноста на бодот за исплата на платите, обезбедување на соодветна лична заштитна опрема и соодветен надоместок при ангажман на работниците при гаснењето на пожарите и многу други отворени прашања во интерес на работниците.

Досегашната соработка на новиот синдикат со менаџерскиот тип во претпријатието е на високо ниво и се надеваме дека во скоро време ќе има изнаоѓање на решенија и бенефит за сите засегнати страни.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.