Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА НСОН

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА НСОН

По предлог на Претседателството на ССМ, Советот на Сојуз на синдикатите на Македонија , едногласно донесе одлука да се прифати барањето на Независен синдикат за образование и наука (НСОН) и со тоа истиот стана придружна членка на Сојузот на синдикатите на Македонија со што синдикатот НСОН прераснува во единствен заштитник на вработените во образование.

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) е формиран од просветни работници со цел да ги застапува нивните интересите, да ги штити и да ги подобрува работничките права и да го зголемува угледот на просветните работници.

Во наредниот период ССМ ќе даде целосна поддршка на НСОН и на нивните програмски цели и задачи кон ширење на синдикалната мрежа, стекнување довербата кај нивните членови и издигнување на НСОН како вистински заштитник на работничките права во дејноста образование.

Соработката која ССМ ја имаше со НСОН во изминатиот период значајно придонесе вработените во образованието да добијат додаток за Јубилејна награда и (К-15) , регрес за годишен одмор за прв пат, нешто што ме им успеало на многу други синдикати во дејноста образование.

Синдикатите во Македонија разбраа дека само заедно и здружени можат да се борат за унапредување на работничките права. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.