- Македонски
- English
ВРАБОТЕНИТЕ ВО СИНДИКАТИТЕ СЕ ЗАПОЗНАА СО МОЖНОСТИТЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА
На 26.09.2023 година вработените во стручните служби на ССМ и синдикатите имаа можност да ги добијат сите потребни информации за начинот на функционирање дигиталните алатки ССМ - мои работнички права и СИНДИ - е советник за работнички права, за тајноста на пријавите и начините на заштита на работниците кои пријавуваат прекршување на работничките права.
Преку едноставно скенирање на QR code, имаа можност да ја преземат мобилната апликација ССМ - мои работнички права.
Корисниците на дигиталните алатки на ССМ добиваат бесплатна услуга за правна заштита како и членовите на синдикатите здружени во ССМ.
Преземи ја новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права
Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB
App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7
*Оваа активност е овозможена со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion.