Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРЕМЕ Е ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

ВРЕМЕ Е ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ – одбележување на Меѓународниот ден за достоинствена работа

Одбележувајќи го Меѓународниот ден на достоинствената работа, Сојузот на синдикатите на Македонија истакнува дека целокупниот свој ангажман го темели на доследно почитување на концептот на МОТ за пристојна работа. ССМ континуирано укажува дека правата на работниците и достоинството на трудот се основата на развојот на економските,општествените и социјалните политики во земјата и дека достоинството на работниците и граѓаните мора целосно да се почитува како од сопствениците на капиталот и работодавачите така и од креаторите на власта во државата.

,,Уделот на глобалното богатство што оди на платите опадна за 13 проценти во последните 40 години, и покрај фактот што светската економија се зголеми за четири пати во истиот период и поради тоа работниците се се по сиромашни и се принудени да штрајкуваат затоа што работодавачите земаат профит за себе и за акционерите и ги одбиваат дури и најскромните барања за зголемување на платите.

Наместо да ги поддржуваат работниците, многу влади застанаа на страната на газдите, одржувајќи ја вистинската вредност на платите толку ниска што семејствата се борат да преживеат" - МКС ( ITUC )

Функционерите во Македонија како никаде на друго место во Светот водат грижа исклучиво за своите интереси, со оправдување дека мораат да ја спроведат Одлуката на Уставниот суд и за себе си овозможија 78% зголемнување на платите, наспроти 10% зголемување на платите на вработените во јавен сектор и поради тоа им се случуваат низа протести и штрајкови и тоа не само од синдикатите и работниците туку и од пензионерите.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата истакнува дека нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства.

Во оваа прилика уште еднаш укажуваме дека целта – обезбедување на достоинствена работа за сите , можеме да ја постигнеме само и единствено доколку сите заедно , социјалните партнери, синдикатите , работодавачите , владата , невладиниот сектор , експертската и стручна јавност се обединиме и ефикасно ги реализираме заеднички креирани активности во насока на развој на економските и општествените односи , но истовремено со целосно почитување на работничките и граѓанските права и човечкото достоинство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.