Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРХОВЕН СУД НА ПОВТОРЕН ИСПИТ, ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА РАБОТНИЧКИ ДОМ

ВРХОВЕН СУД НА ПОВТОРЕН ИСПИТ, ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА РАБОТНИЧКИ ДОМ

Основниот граѓански суд Скопје, на денешното рочиште донесе Решение со кое Предлогот за повторување на постапката за конфискација на Работничкиот дом го праќа во Врховниот суд , соопшти денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Решението ќе биде препратено до Врховниот суд кој ќе има можност да ја исправи неправдата нанесена на работниците, а за што Трендафилов очекува брзо постапување по Предлогот, бидејќи како што рече, со него се расчистуваат дилемите на судиите за изградбата на зградата на ССМ и се докажува дека работниците уште во 1947 година, без законски или други ограничувања имале средства за изградба на Работничкиот дом, обезбедени исклучиво од чланарината од работничките плати, без никакво учество од страна на Државата.

–Судијката Оља Крстиќеска од Основниот граѓански суд која дозволи Предлогот за повторување на постапката да се најде пред Врховниот суд, како и совесните судијки Анета Бошковска и Елица Крстевска од Врховниот суд, кои имале издвоено мислење во постапката уште при носењето на срамната пресудата на Врховниот суд, ја враќаат довербата во судството и се надеваме дека ваквиот пример ќе го следат тројцата судии кои ја донесоа пресудата на штета на работниците, рече Трендафилов.

Од 2005 година до денес, повеќе покрај овие три судијки, повеќе од 30 судии од Основните и Апелационите судови со Пресуди и Решенија покажале и утврдиле дека Работничкиот дом е граден од синдикална чланарина од работничките плати од Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувал тигаш Сојузот на синдикатите на Македонија и дека истиот е сопственост на Сојузот на синдикатите на Македонија и никако поинаку.

Барањата на работниците се Врховниот суд да даде приоритет на постапката и пред 1 мај да одлучува по Предлогот за повторување, како и да донесе пресуда во интерес на Работничкиот дом, која ќе значи враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови или укинување на пресудата на Врховниот суд. Сѐ спротивно, вели Трендафилов, ќе значи радикализација на работниците кои веќе покажаа дека се подготвени и на протести.

– Очекуваме правилна и законита пресуда во интерес на работниците и Работничкиот дом, во спротивно по 1 мај нема никакви гаранции ниту за отпочнување на постапки и за други субјекти кои имаат сличен имот стекнат на сличен начин во минатото, а со една разлика, ССМ го изградил Работнички дом од сопствени средства, а другите субјекти добиле финансиски средства од Државата или пак Државата им го дала имотот.

Сојузот на синдикатите во Македонија ја користи можноста да ја охрабри претседателката на Врховниот суд да дозволи приоритет на разгледувањето на предметот и на таков начин во најбрзо време до 1 мај овие судии да одлучуваат, имајќи во предвид дека одлуката ја донеле пред само шест месеци, рече претседателот на ССМ.

На таков начин, вели Трендафилов, ќе се покаже дека судството може да биде ефикасно, на ниво на задачата и да го почитува Уставот и одлуките на Уставниот суд како и Законите во Македонија, а во спротивно, додава дека мерките коишто ќе ги преземе ССМ ќе бидат радикализација, како и барање на правдата пред Меѓународниот суд во Стразбур што ќе значи изнесување на проблемот надвор од границите на Државата, а со тоа и срамење на Политичари, Судии и сите вклучени во овој срамен процес.

Претседателот на ССМ Трендафилов се заблагодари на сите кои придонеле во процесот за спас на Работничкиот дом и истакна дека во зависност од случувањата, работниците на 1 Мај или ќе фалат или ќе судат !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.