- Македонски
- English

23.05.2012
На 19 и 20 мај во Струга секциите на млади на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Унијата на автономни и незвисни синдикати, со помош на Фондацијата “Фридрих Еберт“, ја одржаа Втората сесија на Школата за млади синдикални лидери, на тема “Лидерство“. Предавач на школата беше доктор Константин Петковски, професор на Универзитетот во Битола.
Целта на школата е преку излагања, дискусии и работилници младите синдикалци да се здобијат со неопходните знаења за утрешните предизвици и задачи во синдикалното движење во Македонија. Така и на школата во Струга, покрај предавањата на доктор Петковски, се одржаа посебни вежби за сите сегменти на програмата.
На школата беа опфатени повеќе аспекти на синдикалното лидерство на младите, како: успешност, делотворност и плодотворност, креативноста како фактор на успешност, модел на добар синдикален лидер, митови за лидерството, лидерството како процес и позиција, самоценување и самодоверба, емоционална интелигенција, комуникацијата како фактор на успешност, разбирање на луѓето и нивната природа и други прашања.