Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗА 1 ГОДИНА, 16.940 ДЕНАРИ ПОРАСНАЛА ВРЕДНОСТА НА СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА

Сојузот на синдикати на Македонија континиурано ја следи економската состојба во државата, а посебно од аспект на обезбедување на основни егзистенцијални права за достоинствен животен стандарт на работниците и граѓаните.

Како најголем и репрезентативен синдикат загрижени сме, и сметаме дека работниците и граѓаните ќе бидат доведени до тешка економска социјална положба, со зголемувањето на инфлацијата во државата.

Растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец октомври рекордно достигна до 19,8% што влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население.

Сојузот на синдикати на Македонија ја изработи новата минималната синдикална кошница за месец октомври која достигна до 51 514,00 ден. и истата е зголемена за 1 290,00 ден. од претходниот месец септември која изнесуваше 50 224,00 ден.а од почетокот на годината јануари 2022 год. порасна за 15 703,00 ден.

Во споредба со истиот месец октомври претходната година зголемена е за 16.940,00 ден.

Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец.

Овој процент на инфлацијата за месец септември е нов аларм за синдикатите, затоа што платите не се зголемуваат но цените и натаму растат и покрај маржите. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.