- Македонски
- English

Потпишан анекс на Колективниот договор за вработените во Општина Карпош со кој од платата за месец јули 2025, секој вработен во Општина Карпош ќе добие зголемување на својата плата во износ од 5.000,00 денари.
На овој начин, Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажа како се унапредуваат правата од работен однос, како единствен репрезентативен Синдикат во Општина Карпош.
Се уште има можност до распишување на локалните избори да се утврди зголемување на платите на сите работници, а ова е еден од примерите како може да се направи тоа.