- Македонски
- English
ЗА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ СО СТУДЕНТИТЕ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на покана на Проф. д-р Лазар Јовевски и Центaрот за клиничка едукација по трудово право при УКИМ учествуваше на кружна маса насловена „Практикување на социјалниот дијалог во Македонија - состојби и предизвици“,
каде и студентите имаа можност директно од социјалните партнери да слушнат каква е состојбата со социјалниот дијалог во Македонија, каде се погреши и како може да се подобри состојбата.
Сојузот на синдикатите на Македонија во фокусот ги има младите, а особено студентите кои треба подготвени да излезат на пазарот на трудот и кои покрај теоретската настава и знаењата со кои ќе се стекнат и кои ќе ги добијат од професорот Јовевски, треба да имаат можност да слушнат и за праксата од директните чинители во социјалниот дијалог.